• Mon. Nov 25th, 2024

Здружението „РАДА-ДЛУР“ го почести градоначалникот со уметнички слики во знак на благодарност и продолжување на културната традиција во Радовиш

ByЃ. K.

Jan 29, 2024

Традиционално и оваа година, Здружението на ликовни уметници од Радовиш „РАДА-ДЛУР“ на ЕЛС општина Радовиш во знак на благодарност и долгогодишна поддршка, и подари неколку уметнички слики, изработени од ликовните уметници кои учествуваа на минатогодишната меѓународна радовишка ликовна колонија.

На средбата во малата сала за состаноци, градоначалникот Ристов со ликовните уметници од Радовиш разговараа за тековните и идните проекти на друштвото, можностите и капацитетите за уметничка галерија како и за продолжувањето на традицијата на одржување и уште посилен меѓународен карактер на ликовната колонија како еден од најважните културни брендови на општина Радовиш.

By Ѓ. K.