Здравствениот дом Струмица доби донација во патничко возило со кое патронажните тимови ќе ја подобрат здравствената заштита на пациентите од населените места каде нема матични лекари. Донацијата од хуманитароното здружение Сано ја предаде министерот за здравство Венко Филипче кој истакна дека на овој начин се зајакнуваат капацитетите на мобилните тимови за домашна посета кои ќе го зголемат спектарот на здраствените услуги во руралните средини. Министерот Филипче за 2019 тата најави и мобилни аптеки во руралните средини со цел пациентите да добиваат квалитетни услуги во домашни услови