• Sat. Nov 23rd, 2024

Здрава котлина бара да се стави во функција мерната станица за загадување на воздухот во кругот на општа болница

Здружението „Здрава котлина“ упати барање до Министерството за животна средина да се стави во функција мерната станица за мерење на загаденоста на амбиенталниот воздух што се наоѓа во кругот на општа болница Струмица. Ова здружение смета дека загаденоста е алармантна уште на почетокот на грејната сезона и бараат итни мерки од ресорното министерство.

Во повикот упатен на социјалните мрежи, Здрава котлина вели:

„Мерната станица кај болницата од 7ми Август не работи. Зошто е тоа така? Дали планирате да ја ставите во функција оваа зима? И доколку не планирате, зошто? Ние граѓаните на Струмица сакаме да ја знаеме состојбата со воздухот што го дишеме. Сакаме да ја знаеме најитно што е можно. Добро знаеме дека воздухот во Струмица за време на зимата е екстремно загаден. Поприлично ги знаеме и причините поради тоа. Знаеме дека болницата и оваа година ќе се грее на мазут што е недопустиво и неодговорно баш поради претходните сликања и ветувања.Ги знаеме и останатите загадувачи. Знаеме и дека не се преземаат доволно мерки за да не се тровиме енормно. Можат да се преземат но тоа не се прави. Не се прави, речиси, ништо. Многумина од нас ќе бидеме приморани да се бориме за живот против вирусот и затоа, квалитетот на воздухот ќе ни биде од огромна важност. Вие сте должни да ни ја овозможите оваа информација“, велат од ова здружение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *