• Sun. Nov 24th, 2024

Зградата на сегашното нервното одделение и психијатриската болница наскоро заминува во историјата

Неврологија и психијатрија наскоро ќе бидат преместени во централната зграда на општа болница Струмица. Поранешната амбуланта на хирургија , која во моментов се користи за дневна ковид болница ќе се пресели новата, модуларна , а на нејзино место ќе дојде невролошката амбуланта.

Овој трансвер не е единствениот кој се планира во струмичката болница. Именно, и психијатрија и невролошкото одделение ќе се преселат, откако хируршкото одделение ќе замине во новиот крак.

Зградата која во мометов ја користат неврологија и психијатрија, ќе се врати на општина Струмица, а која ќе биде намената на истата Гогов нема сознанија. Модуларната ковид болница се очекува во најкраток можен рок да биде комплетно завршена во наредниот период и во неа да се третираат новопозитивните на Ковид 19. Со тоа ќе се олесни работата на медицинскиот персонал , а и пристапот ќе се поедностави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *