• Mon. Nov 25th, 2024

Видео: Звукот на човечноста на Фондација Елеуса ги обедини струмичани за хуманост за малата Теодосија

ByВане Трајков

Apr 26, 2023

Околу 210 илјади денари се собрани од хуманитарниот концерт на Фондација Елеуса  ,,Звукот на човечноста“ за четиригодишната Теодосија Лазаревска од Куманово на која и се потребни околу 50 илјади евра за лекување во Турција. Струмичани донираа и преку купување билет за концертот но и на пунктот поставен за таа намена и повторно ја покажаа хуманоста да се подаде рака и помогне на лица на кои им се потребни пари за лекување.

На концертот настапија вокално инструменталниот состав „Стихири, бендовите на СОУ „Јане Сандански „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“, како и младите од ОМУ ,,Боро Џони“ од Струмица.  Тие на сцената во НУЦК ,,Антон Панов“  преку музика апелираа на хуманост и заедништво што доволно покажуваат и фотографиите објавени од Фондацијата Елеуса.

Видео од концертот може да видите ТУКА