• Fri. Nov 22nd, 2024

За 24 часа самопопишани над 10 илјади лица

За 24 часа попишани се над 10 илјади лица и системот функционира добро. Малите неправилности забележани во првите часови се отстранети и се е решено, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во изјава за МКД.мк.

Според Симовски, системот за попишување е одлично заштитен, а за секој оној што се обидува да го изманипулира системот, односно од својот компјутер во Македонија да се регистрира како дијаспора ќе има кривична постапка. По укажувањата дека секој граѓанин во земјава со бесплатно инсталирање на ВПН може да се попише како да живее во странство, Симовски вели дека таквите манипулации лесно се откриваат и програмерите што ја изготвиле апликацијата за самопопишување оставиле таква можност за откривање.

„И јас ги видов предупредувањата од програмерите, но тврдам дека лажни податоци во системот не можат да бидат внесени, бидејќи некој може да се регистрира и да си мисли дека внесол лажни податоци, но самиот систем ќе покаже дека податоците не се веродостојни. Овие случаи ќе ги регистрираме како намерен упад во апликацијата“, ни изјави Симовски.

Според него, за сите што се обидуваат да приложат лажни податоци во системот ќе биде покрената кривична постапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *