• Sat. Nov 23rd, 2024

За ужина по едно јаболко на ден ќе добиваат струмичките основци , денес општината го распиша тендерот

Општина Струмица денеска го распиша тендерот за набавка на органзирана исхрана на здрава храна за учениците од основното образование на територијата на општината. Според објавениот тендер, општината планира да набави јаболка за секое дете како ужинка за време на престојот во училиштата кои фирмата што ќе биде избрана треба да ги доставува секој училишен ден најдоцна до девет часот. За ова намена општината планира да потроши околу два милиони денари при што секое дете од основните училишта в градот но и подрачните од населените места од ова општина од прво до девето одделение ќе добиваат по едно јаболко на ден кое ќе треба да тежи околу 200 грама. Како што стои во техничката спецификација идниот добавувач треба да доставува јаболка за 4952 ученика а заинтересираните фирми треба да достават цена по парче јаболко. Според пресметките секој ученик за време на една учебна година ќе добива јаболка од околу 360 денари доколку цената остане на 2 милиони денари или околу 30 илјади евра. Тендерот за избор на најповолен понудувач за набавка на организирана исхрана на здрава храна за учениците од основното образование на територијата на општина Струмица завршува на 7 октомври по што ќе се знае кој фирма ќе носи јаболки по училиштета во ова општина. Фирмата треба да понуди јаболки од екстра или прва класа стои во тендерот а исплатата на овошјето како што е наведено во тендерот ќе биде после 60 дена од приемот на секоја фактура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *