• Fri. Nov 22nd, 2024

За субвенции аплицирале 65 544 земјиделци

Од Агенцијата за финансиска поддршка на зејоделството и руралниот развој информираат дека заклучно 31 јули, до кога беше отворен повикот, за субвенции поднеле барање околу 65 илјади земјоделци. 

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, истакна дека Агенцијата во соработка со Подрачните единици на МЗШВ, и оваа како и минатите години, успешно го реализираа процесот за аплицирање.

„ Аплицирањето се одвиваше електронски. Но, еден дел на земјоделци кои не знаеа сами да аплицираат и оваа година како и минатите побараа помош од вработените во Подрачните единици на МЗШВ. Согласно препораките за превенција од „Ковид 19“ и почитување на протоколитте сите кои исполнуваа услови согласно Програмата за земјоделство поднесоа барања за користење на финаниска поддршка во земјодделството.“ –преку соопштение појаснува Бабовски.

Бабовски, посочи дека Агенцијата заедно со Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и досега и во иднина ќе продолжат да креираат Програми и мерки за развој на агро секторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *