За прв пат годинава „Награда од публика“ за маска од главната карневалска вечер
Организациониот одбор на „Струмичкиот карневал“ ги информира граѓаните, корисници на интернет дека ова година за прв пат воведува „Награда од публика“ за маска од главната карневалска вечер што ќе се одржи во сабота, 5-ти март.
Граѓаните ќе имаат можност преку интернет да го дадат својот глас само за 1 (една) маска од сите категории преку интернет онлајн гласање на линкот: www.strumickikarnevalglasaj.mk или со скенирање на QR кодот.
Гласањето ќе биде достапно на 5-ти март 2022 година во периодот од 19:00 до 24:00 часот.
Карневалската маска со најмногу гласови ќе освои парична награда во висина од 200 евра во денарска противвредност, а ќе биде објавена на прес конференцијата на 07.03.2022 година (понеделник), во 12:00 часот, во НУЦК „Антон Панов“ Струмица.