За прв пат во Македонија, успешно се изведе една од најтешките и најкомплексните операции на срце кај деца. Операцијата ја извете икусен тим предводен од Академик доктор Жан Митрев.Се работи за т.н. тотална транспозиција на главни крвни садови, една од најкомплексните аномалии на срцето, со која сите крвни садови излегуват обратно од срцето, со тоа крвта циркулира во обратен правец, овие деца се сини и заради недостаток од кислород умираат набрзо после породувањето.
Ова е еден од најголемите предизвици во кадиохирургијата и јас сум посебно горд и задоволен што сето ова беше направено исклучиво од нашиот искусен тим во однос на сите овие процедури и третманот. Со ова покажуваме дека сме подготвени за големи предизвици во детската кардиохирургија, потенцираше доктор Жан Митрев.