Во изминатите 24 часа регистирани се 28 нови случаи од 2.619 тестирања, а починаа пет лица, соопштија од Министерството за здравство. Од новите случаи 16 се од Скопје, 9 од Куманово – 9, два во Тетово и еден случај во Прилеп.
Починатите лица се на возраст од 45 до 79 години и се три лица од Скопје (61г,75г и 79г) и по едно лице од Куманово (45г) и Струга (72). Сите лица се починати во болнички услови.
Денеска регистрирани се 23 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 821.365 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.469, бројката на оздравени пациенти е 149.551, на починати е 5.467, а бројот на активни случаи изнесува 451.