50 годишна жена е новиот позитивен случај на Ковид-19 во Струмица. Според информациите кои ги добивме од Центарот за Јавно здравје новиот случај нема никаква поврзаност со досега откриените кластери и е направено епидемиолошко мапирање.
Во земајва за последните 24 часа се регистрирани 205 нови случаи и тоа во Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.
Починати се 6 лица а оздравени 336 лица