• Sat. Nov 23rd, 2024

За последните 24 часа 136 позитивни на ковид-19, еден и во Струмица

ByВане Трајков

Jun 24, 2020

Во последните 24 часа се направени 1208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 80
– Куманово 6
– Штип 1
– Прилеп 3
– Тетово 24
– Струга 1
– Велес 3
– Охрид 5
– Гостивар 4
– Струмица 1
– Крива Паланка 1
– Кочани 1
– Кичево 1
– Ресен 4
– Неготино 1

Според Петре Витанов од Центарот за јавно здравје станува збор за 47 годишен маж кој е од Струмица а е во државен карантин

Починати се 8 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти.

– Скопје 26
– Штип 1
– Прилеп 1
– Тетово 6
– Велес 4
– Гостивар 2
– Кочани 1
– Пробиштип 1
– Кратово 1

Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5445, бројката на оздравени пациенти е 2091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3095.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *