• Sat. Nov 2nd, 2024

За Нова година во Струмица ќе се украсува само плоштадот

ByВане Трајков

Nov 15, 2021

За Нова година во Струмица ќе се украсува само плоштадот а не и целиот град како досега. Ваков заклучок беше донесено на денешната седница на Советот на општина Струмица по предлог на градоначалникот Костадин Костадинов при расправата за ребаланс на Буџетот. Тој предложи да се намалат средствата што се планирани во Буџетот за  ова намена и да има минимална новогидшно божиќна атмосфера во самиот центар пред се заради енергетската криза. Зад ваквиот заклучок застанаа сите советници кои сметаат дека  за празниците треба да има колку толку позитивна атмосфера но од друга страна да има заштеди на енергијата во услови на енергетска криза.

Согласно донесениот заклучок  за новогодишно украсување на Струмица ќе бидат издвоени само 400 илјади денари или нешто помалку од седум илјади евра иако  во Буџетот биле планирани  милион и 500 илјади денари или околу 22 илјади евра.

Со сума од 400 илјади денари ќе се излезе со јавна набавка  за украсување на плоштадот при што првиот човек на струмица  очекува и да се намали цената при електроснакта аукција.  Средствата што беа планирани за новогодишно украсување на Струмица,  Советот ги пренасочи за проектите од Програмата за уредување на градежното земјиште.  Лани заради ковид кризата милион денари планирани за украсување беа донирани во струмичкат аболница а за украсување беа издвоени 700 илјдади денари прио што Риверсофт кажад ека се откажува од половина милион денари кои треба да бидат наманети з ахуманирани цели

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *