Во рок од една година треба да биде готов булеварскиот мост на Водочница. Така најави градоначалникот Костадин Костадинов кој изврши увид на градежните работи при што кажа дека мостот Обединување ќе значи поврзување на Струмица со индустриски капацитети но и новиот градски пазар за кого се изработува проектно техничка документација
Според најавите мостот со две сообраќајни ленти ќе биде со должина од 15 и широчина од 23 метри. Целата инвестиција чини 479 илјади евра или 29 милиони 478 илјади денари кои се обезбедени од Буџетот на општината а плаќањето на изведените работи ќе се врши во рок до 60 дена по доставувањет на потпишана и заверена времена ситуација.