Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 230 возачи.
Од нив, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Како што денеска соопштија од МВР, притоа 160 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 70 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови