Со години жртва на семјно насилство.Разведена речиси 6 години , но теророт не застанува од поранешниот сопруг.Овој пат реши да не се појавува пред камера.Смета дека дури и да се појави ќе нема никаков бенифит.Досега неколкупати јавно зборувала за проблемот , но никогаш без да се заплетка во бирократскиот лавиринт – не добивала позитивна разрешница , а најмногу од се вели: мир и спокојство за неа и нејзините 2 малолетни деца.
По разводот насилникот неколкупати добивал забрана за приближување.Но, речиси секојдневно ја прекршува.
Сега најголемата иронија е што жртвата – ако пријави во полиција дека насилникот продолжува со насилство каде и да ја сретне, веднаш ќе замине затвор.Ќе замине , но таа ќе остане без 4те илјади денари кои ги добива од него како елементација за децата а за нив значат преживување.
Законот за семјно насилство на хартија навидум добар со многу сегмени како да се заштитат сите жртви на семјно насилство,но во пракса очигледно тешко функционира.Правно се заштитени жртвите , но за нивната безбедност на улица никој не гарантира.
Се поставува прашањето :
Колку новиот закон за семјно насилство кој е донесен пред точно 2 години помага на жртвите.
Секојдневно се соочуваат со бирократаските лавиринти,не добиваат никаква финансиска помош од државата а огромен дел од нив не се решаваат ниту да пријават.Живеат со насилникот во мрак , според статистиката на државно ниво од година на година бројот на смртни случаи од семјно насилство за жал е се поголем.
Од СВР Струмица велат дека континуирано работат на едукација и превенција се со цел подигање на свеста кај жртвите.
Новиот закон наложи да се има активен пристап во работата со сторителите на семејното насилство, бидејќи тие самоиницијативно не доаѓаат, или ретко доаѓаат во Центрите за социјални грожи. Во работата со нив, многу е значајно да се мотивираат да преземат одговорност за своето насилно однесување и да им се помогне тоа да го надминат. Но, за жал належните велат речиси и да нема континуитет во работата.