Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, денеска во Ново Село изјави дека договорот за името помеѓу Македонија и Грција не му пречи на договорот за добрососедство којшто го потпишаа Македонија и Бугарија. Таа вели дека целата енергија во моментов е насочена кон тоа Македонија да добие покана за членство во Европската Унија. Според Захариева, најважно е земјата да тргне напред, да се развива меѓусебната соработка, економската размена и туризмот, зашто според неа, тоа е иднината на земјите од регионот.