• Fri. Nov 22nd, 2024

Застој во издавањето документи од матичното во Струмица поради заболени од ковид 19

ByВане Трајков

Nov 27, 2020

Извесен период во Струмица има застој во издавањето на документи, потврди и изводи од матичното одделение на Управата за водење матични книги, заради  што граѓаните реагираат. Тврдат дека со денови  одат за да ги добијат потребните документи но  постојано добивале одговор да се вратат за неколку денови иако истите им се потребни за да бидат доставени во други институции или да остварат одредени права. Најмногу реагираат за неиздавањето на изводи за новороденчиња а веќе се чека речиси цел месец.

Дека има застој во издавањето на документите во Струмица потврдија од Управата за водење матични книги од Скопје. Од таму велат дека проблем било што најголемиот број вработени во подрачното одделени биле заболени со вирусот ковид 19 а друг дел имале решение за изолација па бројто ан вработени во матичното се сведел само на двајца.

,,Во изминатиот месец од вкупно девет вработени , работеа само две лица. Останатите или беа болни од ковид-19 или имаа решенија за изолација. Затоа тешко одеше опслужувањето странски. Сега во одделението во Струмица има седум лица кои работат и за една недела ќе се завршат сите натрупани предмети ,, информираа од Управата за водење матични книги

Од Управата спомнаа дека за застојот заа издавања на изводи на новороденчиња, пречка било и бавното издавање на матични броеви од службите во МВР во Струмица од каде пак соопштија дека за сите барања за ден или два се определуваат матични броеви.

Вработените во ПО Струмица ќе ги забрзаат барањата за изводи кои стигнале досега и граѓаните веќе до идната недела ќе ги добијат документите. Се надевам дека и странките имаат разбирање за состојбата сепак и вработените во По Струмица, како и секаде по институциите, особено оние кои работат со странки, се најизложени на зараза и покрај применување на ззаштитните мерки конкретизираа од Управата за водење матични книги

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *