Решението за превземање мерки за темелно чистење и дезинфекција на училишните простории,обезбедување средства за лична хигиена како и редовно следење на отсутноста на децата од настава , кое го испрати државниот санитарен испекторат , денес пристигна во сите средни и основни училишта во Струмица.
Со неколкуте училиштата кои денес контактиравме велат дека сеуште е рано да се направи техничка статистика колкава е отсутноста на децата од училиште сепак имаат првична информација дека нема варичела која би можела да преполови една смена, како што вообичаено при појавата на сипаниците.
Иако бројот на заболени деца од 5 до 14 години од варичеа е значително мал сепак училиштата на самиот старт од учебната година се должни да ги спроведат мерките од решението.Од Ценатрот за Јавно Здравеје во Струмица денес информираат дека алармот се крена откако во Институтот приастигнале резулатати со појава на морбили.
Дете на шестмесечна возраст, кое се уште не било вакцинирано и кумановец на 40 годишна возраст кој бил само амбулантски прегледан и пуштен на домашно лекување.
За двата случаи не постои податок за епидемиолошка поврзаност, како и податок за контакт со заболен од морбили. Здравствените власти спровеле епидемиолошки иследувања на најблиските и контактите за евентуалната потреба од вакцинација со МРП вакцината.
Од министерството за здравство информираат дека грипот засега сѐ уште е со ниска активност. во моментов се регистрирани 1.739 случаи на заболени од грип, но се очекува зголемување на активноста во следниот период.