• Sat. Nov 23rd, 2024

Заради автобуската несреќа, КК Гостивар нема да игра во Гевгелија, од МКФ бараат одложување на КУПОТ

ByВане Трајков

Feb 14, 2019

Во Гевгелија од утре треба да се игра кошаркарскиот куп на Македонија  каде учесник е и КК Гостивар. Тие од МКФ побара одложување КУПОТ поради големата трагедија која се случи синоќа во која животот го загубија 14 лица.

„Ја информираме јавноста и МКФ дека, КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот КУП на Македонија и бараме безусловно одлагање на истиот, стои во соопштението на КК Гостивар, објавено на клупскиот фејсбук-профил.
Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град. Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски. Ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов, стои во информацијата на КК Гостивар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *