Џагор, детска смеа , воздишки ама плачки денеска се слушаа во сите учишта во Струмица.Ваква беше сликата на првиот училишен ден од новата учебна година.Највозбудени и збунети а истовремено и спремни беа денес беа првачињата.За нив овој ден беше посебен.
Комплетно реновирано основното училиште„ Никола Вапцаров“ денес ги отвори вратите за сите ученици.Првиот човек на училиштето задоволен од уписот на учениците, вели дека и оваа учебна година , наставата ќе започне да се спроведува во комплетно опремените наставни кабинети.
Со ширум отворени врати но и свечена пригода денес и детската градинка Детска радост ги примаше дечињата.Некои од клоновите на градинката ќе работат во коплено реновирани протории.
Првачињата традиционално како и секоја година денес имаа и свеченост пред Дом на АРМ каде и првиот човек на општината им посака успех во школувањето.
Оштинските власти велат дека радува фактот што оваа година имаме 60 прво одделенци повеќе од лани, нивниот број годинава е 560.А во средношколците клупи годинава седнуваат 890 ученика во трите средни општински училишта.