Започна имунизација на населението во Струмица
Утрово од 8 часот запшочна имунизација на граѓаните кои гравитираат во о. Струмица.Вакцинацијата ќе трае до 20 часот секој ден (понеделник-сабота) за лицата со закажани термини на www.vakcinacija.mk
Инаку, од денес можат да се вакцинираат и граѓаните над 40 години кои се имаат пријавено. Порака со термин се уште немаат добиено, министерот за здравство Венко Филипче ги упати да се јават кај матичниот лекар. Според него, термин сигурно има, но поради погрешен број или маил, СМС се уште не добиле.
-Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30.04.2021 изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата www.vakcinacija.mk. Во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање на www.vakcinacija.mk.
Од вчера почна вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација. Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk., напиша Филипче на Фејсбук.
Инаку, според официјалните податоци, заклучно со петок вакцинирани се 203,324 граѓани, додека интерес пројавиле нешто над 346 илјади лица. Со овие бројки, според здравство, 35% од населението над 70 годишна возраст имаат примено барем по една доза вакцина.