Денес започна изведбата на новиот парк со теретана на отворено во близина на тениското игралиште и спортската сала „Христо Татарчев“ во Ново Село, информираше градоначалникот Ѓорѓе Божинов.
Проектот се реализира во рамките на Програмата за развој на заедницата финансирана од УСАИД, а имплементирана од Мрежата за рурален развој, заедно со ЛАГ Беласица Огражден и останати четири Локални Акциски Групи.
Овој парк за спорт и рекреација е по барање на младите доставено во текот на отворените денови за планирањето на буџетот на општина Ново Село, кое се спроведе во ноември, 2022.