Вчера официјално започна “Д Фестивал”, најголемиот летен музички фестивал во земјава кој по тринаесетти пат ќе се одржува во Дојран. Првите посетители на фестивалот веќе пристигнаа и го исполнија дојранското крајбрежје. Во музичката и дополнителна програма ќе има повеќе од 300 учесници.
Официјалното отварање бешее закажано на 30-ти јуни во петок и го предводеа светските легенди на треш-метал музиката „Креатор“ од Германија, шпанската псај-техно хероина Индира Паганото, британскиот драм енд бејс гигант Рони Сајз, како и врвните претставници на домашната сцена „Фолтин“, Галоски, Страјк, ЛД Пистолеро, диџеј Гоце и Ронин. Првиот фестивалски ден ги претстави и концертите на „Фулу Мизики“, „Даикаиџу“, „КОИКОИ“, Ива Лоренс, Беседа, „Максимус Вандал“, „Алис ин Вондербенд“, „Ленхарт Тејпс“, „Хајпертек“, Дарко Степиќ, Ермилова и Настасја Киш.Со забава до утринските часови заедно со Греми номинираното италијанско трио „Мeduza“, дуото од златното доба на њујоршкиот хип-хоп „Onyx“, српската раперка Мими Мерцедез и со јубилејната прослава на домашните хардкор легенди „Smut“. Енергичен поздрав на 13-от “Д Фестивал” ќе му приредат и „Funk Shui“, „Паркети“, Алина Паш, „Баклава“, „Peach Vice“, „С.А.М.“ „Димиш“, „Basement Cult“, „Red18“, Миа Перевска, „АудиоЦигла“, „Bon Praskiza“, „Matej Foltz“, „Princess Donatsu“,„Flexify“, „Bullz“, „Ogipsilon“, „Shorty P“ и „Irie Scratch“.