Еден месец ја извршувам функцијата градоначалник на Општина Струмица. Дојдов со силна желба, концепт и подготвен за работа. И јас и мојот тим се договоривме и работиме интензивно, транспарентно и отчетно и во кабинетот и на терен. Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија на нашата Општина, модерна и европска, истакна на прес – конференција градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.