Не се смирува ситуацијата во Идомени. Два дена од насилниот обид да се помине македонско-грчката граница, нови инциденти во импровизираниот камп каде се сместени околу 12 илјади бегалци.
Според грчките медиуми, утрово е запален воз по тепачка на две групи мигранти, Курди и Авганистанци. Запалениот вагон се користел како преноќувалиште од страна на повеќе бегалски семејства.