Откупот на пролетната зелка на самиот старт се закочи. Дел од трговците откупуваат но во мали количини а дел сеуште ги немаат отворено своите врати за откуп со објаснување дека нема интерес од странските пазари. Земјоделците кои порано ја засадија ова култура ја почнуваат бербата и немаат пласман. Не знаат што да прават со првите количини за кои трговците нудат цена од 15 до 20 денари што во однос на минатата година е двојно помала
Трговците со објаснување дека нема интерес кај странските пазари и дека домашното производство стасало многу порано отколку вообичаеното. Лани првите количини со пролетна зелка се откупуваа по цена од 50 денари