Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на граѓаните стапува на сила од 1 јули, откако синоќа во скратена постапка беше изгласан од пратениците.
Граѓаните ќе имаат право на враќање на 15 отсто од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки, при што износот на пресметан данок од кој ќе се враќа данокот изнесува најмногу 12.000 денари во едно тримесечје.
За остварување на ова право, граѓаните ќе треба да ги пријавуваат податоците од бар кодот на фискалните сметки кои ги добиваат при купувањето, преку апликативен софтвер за оваа намена на Управата за јавни приходи.
Највисокиот износ на поединечна фискална сметка за која може да се оствари правото на враќање на данокот на 30.000 денари.