• Sun. Nov 24th, 2024

Заев ја потврди автентичноста на аудио снимките – разговарал преку Whats app

Премиерот Зоран Заев на прес конференција потврди дека бил жртва на двајцата руските комичари Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров) кои на социјалната мрежа Јутуб поставија аудио снимки во кои тој наводно разговара со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко.

Во двете аудио снимки тој разговарал преку мобилната апликација Whats up, а додека тој разговарал, до него седел негов советник кој правел записник од разговорот. Комичарите досега се јавувале најпрво во Владата на Република Северна Македонија и барале телефонски разговор со Заев, а откако ќе договориле термин се слушале со него лично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *