Народот е разочаран а одговорноста за тоа што се случи минатите два дена во Брисел ја преземам врз себе, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција, откако вчера на Северна Македонија не и’ беше доделен датум за почеток на преговорите за членство со Европската Унија.
Поради тоа, тој рече дека неговиот предлог се итни предвремени парламентарни избори за да одберат граѓаните кој пат сакаат да го одат. Европскиот, или како што рече, патот на изолација.
Според Заев, државата нема друга иднина освен Европската и порача дека оваа одлука е историска грешка на Европа која не смее да не’ поколеба во нашие намери да бидеме дел од европското семејство.