Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук, со која се согласија дека двете земји имаат пријателски односи и услови за продлабочување на економската соработка, зголемување на трговскиот промет и интерес за зајакнување на соработката во повеќе сфери, соопшти Владата.
На средбата премиерот Заев истакнал дека двете земји имаат заеднички стратешки цели – остварување на евроатлантските интеграции.
На средбата, амбасадорката Задорожњук на премиерот Заев му предаде честитка од неговиот колега, премиерот на Украина, Денис Шмихал по повод претстојниот празник, 8 Септември – Денот на независноста на нашата татковина со желби за продолжување на традиционално пријателските односи и исполнување на потенцијалот во поглед на ефективна билатерална соработка.
извор: Макфакс