Владата го раскина договорот за издадента концесија за експлоатација на бакар од локалитетот Казандол валандовско. Ова лично го соопшти премиерот Зоран Заев според кого концесионерот Сардич МЦ ги пречекорил роковите и не се придржувал кон договорот склучен од 2015 тата. Било констатирано дека концесионерот во предивдениот рок од две години не изградил постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50% од експлоатираната руда