• Mon. Nov 25th, 2024

Загина тракторист од Вељуса, втора жртва од превртени трактори за два дена

ByВане Трајков

Aug 21, 2017

Вчера напладне околу 12.00 часот на место викано „Скрка“ на планината Еленица во Струмица, 49- годишниот В.К од село Вељуса, управувајќи трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, се превртел и се здобил со тешки телесни повреди.

На пат кон болница К.В. починал. Во незгодата со телесни повреди се здобила неговата сопруга С.К., која во моментот на несреќата била на тракторот.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

Пред два дена загина тракторист и кај Трибичино откако се превртел во провалија на свијокот од излезот на селото

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *