• Thu. Nov 28th, 2024

Завршува рокот за поднесување на ГДП- околу 30.000 граѓани од југоистокот ги пријавиле дополнителните приходи

ByDimitar Micev

Mar 14, 2018

Завршува рокот за поднесување на годишни даночни пријави. Утре е последниот ден за пријавување на дополнителните приходи оставарени во текот на претходната година. Повеќето граѓани ја оствариле својата обврска, а останатите тоа можат да го сторат најкасно до утре до 21,30 минути. Според податоците на Управата за јавни приходи, заклучно со вчерашниот ден поднесени се вкупно 334.360 пријави. Во регионална дирекција – Струмица, засега 29.982 граѓани ги пријавиле дополнителните приходи, а се очекува уште околу 10.000 да ја исполнат законската обврска.

Доколку даночниот обврзник нема поднесено даночна пријава до 15 март 2018 година, ќе му биде изречена глоба за сторен прекршок. За ненавремено поднесување, односно неподнесување пријава и за нецелосно пријавени приходи глобата се движи од 100 до 200 евра во денарска противвредност. Годишна даночна пријава не се поднесува доколку физичкото лице остварува приход само од плата, пензија, земјоделска и самостојна дејност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *