Над 250 рекреативци од Струмица и Радовиш, предводени од членовите на аеробик и пилатес клубот Go Fit три дена вежбаа на отворено на #соф2019. Случајните посетители беа сведоци на два уникатни тренинзи по аеробик на Езерцето, а дел од нив спонтано се приклучија на групата вежбачи. Поради лошите временски еден од трите предвидени тренинзи се одржа на затворено во салата „Партизан“. За учесниците следуваа СОФ маички со специјален дизајн #аеробикнасоф, освежување, крпи и опрема за вежбање. „За првпат во склоп на спортската програма на СОФ 2019 организираме ваков настан од отворен карактер. Лично јас како инструктор на настанот сум задоволна од интересот и се надевам дека овој настан ќе прерасне во убава и масовна традиција“, рече Елена Илков – аеробик и пилатес инструктор од GoFit.