На социјалните мрежи се појавија фотографии од утринската како што ја нарекуваат пробна блокада на пристапниот пат до рудникот. Со трактори, автомобили и друга земјоделска механизација, жителите на населените места Иловица и Штука заедно со активисти спречиле движење кон рудникот.
Велат дека тоа е порака до концесионерот Еуромакс но и до Владата дека почнуваат со посериозен отпор против рудникот.