Во рамките на Струмица Опен Фестивал 2023, на 26 јули ќе се случи музички настан на кој струмичани ќе имаат можност да уживаат во една боемска вечер со пејачот Живко Динев и неговите музички колеги и пријатели Сузана Гавазова и Миле Кузмановски.
Исто така ќе настапат и „Арија-бенд“ со Влатко Крстев на виолина и Дарко Илиевски на хармоника.
Репертоарот е исполнет со авторски песни на Динев, но и други македонски песни, боемски песни од српско-хрватскиот пазар кои нашата публика обожава да ги слуша.
Тоа подразбира сентиментална музика од репертоарот на Тома Здравковиќ, најголемиот меѓу боемите.
Покрај нив, ќе настапи и познатиот Коки Јанков (од поранешното дуо „Дуле и Коки“) со својата добропозната виолина која ќе ги разгали душите на струмичани.
Концертот ќе се одржи кај чешмичката, во Градскиот парк во Струмица.