Стратегот на Беласица Марјан Живковиќ пред мечот со Академија Пандев во недела во Турново смета дека неговиот тим е далеку во подобра форма во однос на првиот меч со пандевци. Ова го крепи и со серијата неколку првенствени меча без пораз, наспроти Академијата која има мини серија лоши резултати
,,За разлика од првиот меч. во овој втор влегуваме поискусни бидејки цели два месеца заеднички работиме и сметам дека сме многу повеќе воиграни во однос на првиот натпревар. Мојот тим е во серија без пораз веќе седум кола додека Академија Пандев е во мини серија без победа. Тука ја гледаме шансата. Мојот тим во моментов е во подобра форма во однос на првиот меч ,, констатира за ВИС СПОРТ Марјан Живковиќ
Не сакаше да прогнозира кој ќе слави на Кукуш во Турново во недела, но очекува од својот тим да даде максимум
,, И двете екипи имаат мотивација но ние сакаме нашата серија да на продолжиме и после неделниот меч. Не се занимавам со прогноза кој ќе слави. Сакам да мојот тим излезе на натпреварот и да пружи максимум ,, изјави Марјан Живковиќ според кого единствено Стефан Вујичиќ не е целосно подготвен од повредите
Во првиот меч Беласица беше поразена од Академија Пандев со 2:0