• Sat. Nov 23rd, 2024

ЕХФ одлучи: Вардар 1961 нема да игра ЛШ во сезоната 2022/23!

ByВане Трајков

Jun 23, 2022

Извршниот комитет на Европската ракометна федерација на денешниот состанок потврди дека Вардар 1961 не ги исполнува критериумите за да игра во Лигата на шампионите наредната сезона.

Финансиските проблеми се причина за оваа одлука на ЕХФ. Во изминатите две години нашиот гигант беше „под лупа“ поради неисплатени договори на поранешни играчи. Вардарци не ги испочитувале роковите за подмирување на долговите. Тие платиле само дел од финансиите, што е неприфатливо за европската ракометна унија.

„Одлуката на Извршниот комитет на ЕХФ следува по период од речиси две години во кој ЕХФ се обидуваше да го реши проблемот со неплаќањата на договорените играчи од страна на клубот и со тоа да го задржи клубот од Скопје на највисоко ниво. Со оглед на тоа што Вардар одлучи активно да го презентира својот став пред медиумите, Европската ракометна федерација одлучи да даде јавен одговор. Овој одговор е директно доставен до клубот во исто време. Европските натпреварувања на клупско ниво имаат многу чувствителна структура и многу зависат од интегритетот на клубовите-учеснички. За да се расчистат сите работи со Вардар, имаше многу писмена комуникација, па дури и лични разговори и јасни рокови беа дадени од страна на ЕХФ. За жал, претставниците на клубот не можеа да ги почитуваат овие датуми и поставија стратегија на одложување или дури и неодговарање.Плаќањата беа направени само делумно, а беа преземени неколку обиди датумите да се одложат во следната сезона. Извршниот комитет на состанокот минатиот петок дојде до едногласен заклучок дека Вардар ниту ги исполнил договорените работи, ниту навремено ги завршил плаќањата и со тоа не ги исполнува критериумите за настап во Европските купови во сезоната 22/23. Депозитот од сметката на ЕХФ веќе беше префрлен на сметката на клубот и дополнително ќе следи трансфер и на преостанатите средства што треба да ги добие клубот. Европската ракометна федерација изрази жалење што беше неопходно да се преземе таков чекор и подвлекува дека тоа не е во интерес на федерацијата, но ситуацијата предизвикана од поранешниот клуб резултираше со дефицити кои не беше едноставно да се покријат преку новиот клуб“, се вели во соопштението на Европската ракометна федерација (ЕХФ). 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *