Со оглед на тоа дека Европа се соочува со најтешката бегалска криза од Втората светска војна, во планот на Европска комисија за „шенген зоната“ се наведува дека потполна примена на оваа зона е „од клучна важност за Европската унија како целина“, пренесува France press од каде тврдат дека имале увид во тој документ.
Европската унија, како што пишува оваа агенција, денес ќе објави „нацрт план“ за повторно целосна примена на „шенген зоната“ на слободно движење, која е близу колапс со оглед на тоа што поединечни земји поради бегалската криза воведоа погранична контрола.
Планот подразбира итно формирање систем на крајбрежни стражи на ЕУ и зајакнување на надворешните граници во Грција, која е главна точка за влез на бегалците и мигрантите во Европа.
После речиси две децении слободно патување во поголемиот дел во Европа, 26 члената „шенгенска зона“ е на работ на колапсот, оти некои членки еднострано воведоа погранична контрола со цел да ги спречат мигрантите од Грција да стигнат до побогатите земји на северот на Европа.
„Денес ќе усвоиме нацрт план за тоа како повторно да го вратиме на сила „шенгенскиот систем“ во целост“, пренесува France Press повикувајќи се на извор од Европската комисија.