Европската комисија ги повика земјите на ЕУ и Шенген зоната уште за 30 дена да го продолжат привременото ограничување на патувањата во земјите членки.
Ограничувањата се однесуваат на сите патувања на граѓани од трети земји кои не се суштинско значење, а се применува на надворешните граници на ЕУ и земјите на Шенген кои се надовр од ЕУ како Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.
Од комисијата порачаа дека без оглед на првобитните чекори на државите членки на ЕУ кон попуштање на мерките за заштита од ковид-19 ситуацијата и понатаму е критична како во Европа така и во светот.
ЕК во рамки на мерките за сопирање на ширењето на ковид-19 на 16 март пвр пат ги повика членките на ЕУ и Шнеген зоната да воведат привремено ограничување на влезот за сите патувања кои не се од суштинско значење. Оваа мерка беше продолжена на 8 април уште 30 дена.