• Sat. Nov 23rd, 2024

Екстремно високите температури можат да предизвикаат физиолошки промени кај растенијата

Екстремно високите температури можат да предизвикаат физиолошки промени кај растенијата. Во овој период кога температурите се над 35 степени, кај земјоделските култури можат да се појават изгореници од сонце, а во некои случаи да дојде и до вирусни заболувања. Агрономите велат дека главна мерка против ваквите вируси е редовно прскање на своите растенија, но за да има поголема ефикасност, хемиското третирање треба да се изврши во периодот кога инсектите се присутни во посевите.

Во период кога температурите се многу високи растенијата се борат за живот. Затоа агрономите препорачуваат редовно наводнување на своите насади со свежа вода, која ќе им овозможи на растенијата да го претрпат температурниот шок со помалку загуби.

За да се спречи уништување на насадите, а со тоа земјоделците да не претрпат поголеми загуби, агрономите советуваат да се инвестира во системи за наводнување и употреба на заштитни мрежи.