Две лица од Струмица се дел од статистиката на новозаболени во последните 24 часа. Едно медицинско лице од Струмица кое помагало во болницата 8 – ми Септември во Скопје и едно кое отишло во болница во Скопје но при тестирање излегло позитивно на корона – вирусот, се новите случаи во Струмица.
Од Центарот за јавно здравје во Струмица апелираат граѓаните да се внимателни, да носат заштитни маски во затворен простор и да пријават доколку имале контакт со заболено лице или почувствуваат симптоми на корона – вирусот.