Две жени на 60 и 64 годишна возраст, како и двајца мажи на 27 и 33 години се позитивни на корона – вирусот во Струмица.
Од струмичкиот центар за јавно здравје информираат дека 60 годишната пациентка е на лекување на Инфективната клиника во Скопје, додека 64 годишната е на инфективното одделение во Струмица. Мажите се во домашна изолација.
Засега не може да се утврди поврзаност помеѓу новодијагностицираните случаи со останатите активни случаи во струмичко.