Менталното здравје е тема на која треба почесто да се разговара затоа што во даден момент сите нѐ засега. Некои денови имате чувство дека сѐ ви оди од рака, а некои денови се чувствувате ужасно и непродуктивно. Нарушеното ментално здравје станува водечка причина за смрт, различни видови зависност и намалена работоспособност кај милиони луѓе ширум свНо, мора да запомниме дека секогаш постои надеж дека нештата ќе станат подобри, а еве и неколку начини како да го одржувате вашето ментално здравје во најдобра форма.
1. Правете непродуктивни работи
Живееме во едно брзо време, исполнето со многу стрес. Па, затоа е добро одвреме-навреме да си посветите време на себе. Седнете сами во паркот и слушајте го пеењето на птиците. Изгледајте ја серијата која одамна сакате да ја изгледате. Посетете ја изложбата со фотографии која ви изгледа интересна. Мора да запомните дека не сѐ што правите мора да биде продуктивно.
2. Следете ги вашите емоции
Емоциите можат да ве натераат да правите работи кои се навистина чудни. Затоа е многу важно да ги следите и да научите да проценувате до каде сте на емоционалната скала. Ако се чувствувате депресивно или бесно, научете се да го препознаете тоа чувство. Потоа, обидете се да процените што е тоа што прави да се чувствувате така. Ако во моментот не можете да препознаете со сигурност, тогаш продолжете да го следите остатокот од денот. Кога ќе ја најдете причината за лошото расположение, многу полесно ќе си помогнете.
3. Средете го нередот
Кога нашето окружување е средено, тогаш многу полесно можеме да се фокусираме на нашата психичка состојба. Затоа исчистете ја собата и исфрлете го ѓубрето од домот. Откако ќе го направите тоа, посветете внимание на нередот во вашиот ум. Што е тоа што ве загрижува? Како можете да го решите проблемот кој ве мачи подолго време? Застанете за момент и средете си ги мислите кои ви создаваат дополнителен стрес.
4. Запишете ја вашата визија за иднината
Многу е полесно да одите напред во животот доколку имате некаква визија за иднината. Во ред е доколку се чувствувате малку изгубено, но седнете и размислете за тоа каде сакате да бидете во наредните неколку години. Замислете го работното место кое го посакувате и дестинацијата која сакате да ја посетите еден ден. Замислете ја личноста која сакате да станете и како ќе се чувствувате кога ќе ги имате работите кои ги посакувате. Помислете на сите убави работи кои ќе ви ги донесе иднината, но мора да знаете дека вие сте тие кои треба да работите на себе за да стигнете таму каде што сакате да бидете во животот. А сѐ е можно и не се откажувајте од своите соништа!