• Fri. Nov 22nd, 2024

Видео: Клубот Еделвајс реализира проект – Беласица, планина на активни луѓе

ПЕД ,, Еделвајс,, од Струмица заедно со клубот ,,Бела екстрим,, од Петрич Бугарија почнаа да го реализираат проектот ,, Беласица – планина на активни луѓе,,. Станува збор за прекуграничен проект кој има за цел да создаде услови за алтернативен туризам преку спортување. Проектот ќе се реализира во рок од 15 месеци за што се планирани повеќе спортски активности на релација Струмица-Петрич и планината Беласица. Во април ќе има настан за најмладите и е насловен како ,,Belasica bike for children,, и преку видео врска ќе се пренесуваат во живо настаните од Струмица и Петрич. Во јуни ќе има ,, Belasica bike tour,,  односно возење велосипеди од Петрич до Струмица.Потоа е планирана е тура со велосипеди до сите водопади на Беласица а најголемо дружење на лубителите на природата и спортот ќе има во октомври кога ќе се одржи ,,Belasica sky race,,. Станува збор за трка од село Банско преку планината Беласица до петрич Бугарија. Патеката ќе биде долга околу 70 километри која може да се помине со велосипеди или пешачење при што ке има неколку попатни станици за одмор при што бугарската граница ќе се помине преку врвовите на Беласица за да се ислустрира изреката дека спортот не признава граници. Еве што истакна за овој проект Ристо Киров од ПЕД Еделвајс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *