Евтината дневна тарифа на струјата се враќа од 1 декември, велат извори во Регулаторната комисија за енергетика за ДВ. Иако беше најавено дека ќе биде потребна една година за рачно да се подесат броилата, поради воведувањето на блок тарифите, сепак е постигнат договор процесот да се забрза и граѓаните во екот на зимата веќе да го почувствуваат бенефитот од користењето на поевтина струја. Останува регулаторот да одлучи во кој период од денот граѓаните ќе можат да користат поевтина струја.
Првично дневната евтина тарифа требаше да се врати од 1 јули, но надлежните најавија дека ќе се одложи ваквата мерка. Најавите на првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски беа дека граѓаните би можеле да користат евтина струја и во текот на денот, во периодот од 14 до 16 часот.