• Mon. Nov 25th, 2024

ЕВН фати 20 струмичани како крадат струја и си зработија кривични пријави

Дваесетина жители од Струмица и населените места Петралинци, Баница, Моноспитово, Габрово, Василево, Свидовица и Просениково во јануари и февруари краделе струја од мрежата на ЕВН. При редовна техничка контрола од страна на вработените во ЕВН Макеоднија кај сите 19 лица било констатирано дека превземаат нерегистрирана количина електрична енергија без мерна опрема при што ЕВН го оштетиле за околу пет илјади евра или 327 илјади денари. Најмногу крадел К.И. (57) од селото Петралинци кој направил штета од речиси 64 илјади денари за тие два месеци, по што следува лицето В.А. од Баница со 47 илјади денари и лицето Н.Т од Струмица со 38 илјади денари. Останатите направиле штета од 8 до 15 илјади денари Сите лица од струмичката полицијата заработија кривични пријави за кражба на електрична енергија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *