• Sat. Nov 23rd, 2024

Дури 79 мигранти пронајдени во камион кај Гевгелија

Полициски службеници од полициската станица за граничен премин „Богородица“ во соработка со полицајци од Унгарија, кај Гевгелија сопреле камион во кој биле пронајдени 79 мигранти, известува Макфакс.

Како што информираат од МВР, полициските екипи контролата ја спровеле во Гевгелија на место викано „Касарна“, при што сопрен бил камион „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управуван од 25-годишник од Стојаково.

По извршената проверка било утврдено дека камионот бил во сопственост на 32-годишен скопјанец.

Во возилото биле пронајдени 79 мигранти, а возачот на камионот бил уапсен за натамошна постапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *